Нема предавање – Торонто го најде лекот за Јанис и израмни на 2-2

Торонто репторс со двете победи на домашен терен израмни на 2-2 во финалната серија од Истокот против Милвоки бакс. Ноќеска Репторс заслужено триумфираа при конечни 120:102, па сега двете екипи имаат еднакви шанси за пласман во големото финале, каде што чека Голден стејт.

Екипата од Канада очигледно најде начин како да го спречи неприкосновениот Јанис Адетокумбо. Во претходниот меч го задржаа на скромни 12 поени, сега заврши со 25, што е под негов просек во овие разигрувања. Во моменти кога беше најпотребно, се разигра еден од носителите на Торонто, Кајл Лаури, но со тимска игра и цврста одбрана цела екипа придонесе за израмнување на 2-2.

Гостите од Милкови ја имаа иницијативата само до последните минути од првиот период, а потоа Репторс ја презедоа контролата врз резултатот и во ниту еден момент не покажаа знаци на слабост. Иако во решавачките 12 минути домаќините влегоа со предност од +13 поени, со ефикасна серија од 13-2 го зададоа последниот удар со кој ја осигураија клучната победа.

Цела петорка на Торонто реализираше двоцифрен број поени, а најмногу постигна Лаури, 25. Ленард застана на 19 поени, 18 поени беа дело на Повел, Ибака и Гасол додадоа по 17 поени. Од редовите на поразените, Мидлтон се истакна како најефикасен со 30 поени, но и оние 25 поени на Адетокумбо не беа доволни да се избегне втор пораз во оваа серија.

Битката за пласман во големото финале продолжува ноќта меѓу четврток и петок, а серијата одново се сели во Милвоки, каде што ќе се игра петтиот меч, а два дена подоцна двете екипи повторно ќе ги одмерат силите во Канада.

https://www.youtube.com/watch?v=zBNI4hAmMl8

- Оглас -

Најнови вести