Нема прекин на Евролигата, но има три нови одложени меча

Челниците на клубовите кои се дел од кошаркарската Евролига денеска имаа состанок на кој беше решено дека и покрај зголемениот број заразени играчи, првенството не треба да биде прекинато.

Одлуката, која е најважна, е дека ќе има скратување на периодот на изолација од 14 на 7 до 10 дена. Оваа одлука ја прифатија клубовите, а сега и официјално треба да ја потврди одборот на Евролигата.

Според договорот, еден клуб ќе може да бара одложување на меч доколку во своите редови нема минимум осуммина кошаркари. Одложување може да бара до трипати, а потоа ако средбата не се одигра, ќе биде регистрирана со службен резултат од 20:0.

Веднаш по донесувањето на одлуката да нема прекин на првенството, одложени се три нови дуели. Во предвидениот термин нема да се играат мечевите Алба – Панатинаикос, Ефес Пилсен – Баерн Минхен и Жалгирис – Олимпијакос. Двата грчки клуба, како и турскиот Ефес се тие кои бараа мечевите да бидат одложени.

- Оглас -

Најнови вести