Нема резултати, нема публика: Тотенхем оставен на цедило

Нема резултати, нема публика… Европскиот вицешампион Тотенхем е оставен на цедило во пресрет на вечерашниот дуел против Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите. Фановите не се задоволни од тоа како игра екипата на Маурисио Покетино, па затоа вечерва Петлите нема да ја имаат потребната поддршка во обидот да освојат важни бодови против српскиот шампион.

Нивниот ултрамодерен стадион има капацитет од 62.062 седишта, а дури 48.000 навивачи имаат сезонски карти, но голем дел од нив не се пријавиле да земат билети за овој дуел, додека клубот се мачи да го продаде остатокот билети, па затоа вечерва Тотенхем ќе игра пред полупразни трибини. За гостинските навивачи дадени се минимален број билети, само 200 навивачи на Ѕвезда ќе присуствуваат на мечот од третото коло во групната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести