Нема шанса да има фудбал во следните три-четири месеци

Некогашниот англиски репрезентативец и член на легендарната селекција на Манчестер јунајтед, Гери Невил, не верува дека може да се врати фудбалското првенство во Англија во следните три-четири месеци. Челниците на Англиската федерација официјално ги одложија сите натпреварувања до 30 април, но Невил верува дека таа пауза ќе биде многу подолга.

„Мислам дека во овој момент незамисливо е да се надеваме дека ќе има фудбал во следните три-четири месеци. Едноставно, ова е како да сме во затвор. Фудбалот не може да се врати затоа што за  тој да функционира, потребни се да имаме и доволно полиција, редарски служби, лекари, а тие сигурно нема да бидат достапни во следните неколку месеци. Тие сега се фокусирани на болниците и домовите каде што има заразени од Коронавирусот. Таму сега се и најпотребни“, вели Невил во својата анализа.

Доколку не се доврши сезоната, јасно е дека Премиер лигата нема да добие нов првак, иако Ливерпул е убедлив лидер со 25 бода пред вториот Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести