Нема шега со Италијанците на Роберто Манчини

Италија на убедлив начин најави атак на трето злато на Европските првенства, откако со сигурни 3-0 над Турција тргна во 16-тото издание на континенталниот фудбалски собир.

Првпат во историјата или поточно во вкупно 39 натпревари на ЕП, Аѕурите постигнаа три гола во еден меч, а тоа е добра најава дека ќе одат далеку на ова натпреварување. Нивната непоразителна серија се продолжи на 28 дуели во сите натпреварувања, а уште повпечатлив е фактот што во девет последователни победи, тимот на Манчини нема примено погодок, а даде дури 28 погодоци.

Откако Роберто Манчини застана на кормилото, Италија не знае за пораз, а последниот загубен меч датира од 10 септември 2018 година, со минимални 0-1 од Португалија во групната фаза од Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести