Една од причините што младиот тим на Челзи сезонава импресионира под палката на Френк Лампард е што стратегот воспостави високо ниво на дисциплина меѓу играчите. Легендата на Сините покажува колку е строг и посветен во својата намера неговите играчи да го почитуваат неговиот збор, но пред сè клупските обврски.
Затоа, во комплексот на Челзи стои ценовник колку изнесува одредена казна за неизвршување на клупските задачи. На пример: за доцнење на брифинг или тренинг, играчот ќе биде казнет со 2.500 фунти и дополнително уште толку ќе му се смета за секои изминати 15 минути. Ригорозна е казната за играчот кој нема да биде на теренот кога тренингот ќе почне, за тоа се плаќаат 20.000 фунти.
Згора на сè, фудбалерите имаат рок од 14 дена да ја платат одредената казна, во спротивно ќе мора да издвојат двојно повеќе за доцнење.
Дефинитивно нема шега со Лампард.