Во Србија се уште не функционира ВАР системот, бидејќи планот е од следната сезона да се воведе модерната технологија за проверка на спорните моменти, но веќе имаше претпремиера што ќе ве насмее до солзи.
Судијата на меч од аматерска конкуренција имаше дилема дали има пенал, или не, па одлучи да си повика пријател. Дојде до аут-линијата блиску до трибините и го праша камерманот дали има прекршок за пенал, или не.
Одговорот од трибините на човекот што го снимаше натпреварот беше „чист пенал,како солза“, по што судијата покажа на белата точка.
На видеото што е објавено на Инстаграм има и специјални ефекти, голманот што го направи пеналот го соблече дресот, па беше гол од половина нагоре.
ВАР систем каков што досега веројатно немало и како загревање за идната сезона кога во Србија ќе се воведе модерната технлогија за проверка на спорните моменти.
Целата ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.