Нема што да се промаши – фаворитите имаат „пенал“ ситуација

Леганес – Барселона (13 ч.)

Иако гостите ќе бидат без Алба, Роберто и Семедо, шампионот е голем фаворит за освојување на трите бода, бидејќи за ривал го имаат последнопласираниот тим. Леганес дома во шест меча даде само четири гола и освои исто толку бодови. Барселона може да се пофали со играта на туѓ терен, бидејќи веќе претрпе три порази на шест гостувања, но токму овој меч треба да биде пресвртница и да се врати самодовербата кај Меси и останатите.

Во последните шест меѓусебни средби, каталонците имаат пет победи, а Леганес се радувал еднаш и секогаш имало барем три гола на мечот.

Предлог тип: 2&3+ (2.15)

 

Реал Мадрид – Реал Сосиедад (21 ч.)

Можеби делува чудно, но Сосиедад во 2019 година веќе има две победи против Реал Мадрид (по една дома и на гости). Сепак, мадриѓани сега се фаворити и не смеат да си дозволат кикс на „Сантијаго Бернабеу“. Кралевите немаат примено гол 533 минути, што е најдолга низа со Зинедин Зидан на клупата.

Реал ја има втората најдобра одбрана во Шпанија (зад Атлетико Мадрид) и вториот најдобар напад (зад Барселона). Домаќините немаат големи проблеми со повредени играчи, но мора да се внимава, бидејќи току Сосиедад е најдобар тим на гостински терен сезонава и во 7 меча досега освои дури 13 бодови. Можеби гостите ќе ја прекинат низата без примен гол на Реал, но домаќините ќе ги освојат трите бода.

Предлог тип: 1&ГГ (2.45)

 

Арсенал – Саутемптон (16 ч.)

Топчиите веќе далеку заостануваат во трката за висок пласман, но тоа не значи дека се откажани од борба за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона. Арсенал на свој терен сезонава има три победи и три реми, што и не е некој биланс за фалење.

Денеска на гости во Лондон им доаѓа тим кој има четири порази и едно реми во последните пет кола, па тоа е мотив за домаќините да ги израдуваат своите фанови.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

Торино – Интер (20:45 ч.)

Интер е најдобриот тим на гостински терен во Топ 5 лигите. Нераѕурите победија на сите шест меча на туѓ терен, а сега им следи нов голем предизвик во градот на италијанскиот првак. Торино има две победи и реми на последните три меча на свој терен со овој ривал.

Сепак, за да покаже Интер дека е зрел да го избрка Јувентус од тронот, ќе мора да освојува бодови на секој меч.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.65)

 

Лајпциг – Келн (18:30)

Дуел на домаќин која има одличен напад и гостин со слаба одбрана. Победата на Лајпциг не треба да биде доведена во прашање, а традицијата во мечевите на овие екипи екипи вели дека двете даваат барем по еден гол. За денеска се очекува повеќе пати да се тресе мрежата на Келн, иако овој тим на последното гостување кај Лајпциг се радувал на победа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

Во понудата на Sport Life може да се обложите и на одличните КВОТИ НА ДЕНОТ:

Леганес – Барселона 2&1+ пп. (2.00)

Манчестер сити – Челзи 1Х&ГГ (1.95)

Торино – Интер Х2&T22+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести