Денеска од 13 часот се играат сите шест меча од колото во Првата македонска фудбалска лига, а според квотите во Sport Life, има фаворити на сите мечеви, но не апсолутни, и на сите мечеви се очекува интересна битка и неизвесност.
Фенерџијата Вардар е домаќин на првакот Струга (пренос на Спорт Клуб), и тоа на тренинг-центарот на ФФМ, Вардарци се принудени да играат таму, поради лошата состојба на теренот на стадионот во Маџари. Проблем за Струга е неиграњето на Бесарт Ибраими, кој е суспендиран.
Истата судбина, дури и многу полоша, ја има Гостивар, кој против лидерот Шкупи како домаќин ќе игра многу далеку од дома, во Струмица. Иако нема снег, теренот во Гостивар не е во добра состојба и не може да се игра прволигашки меч.
Во Струмица ќе играат и Брера против штипска Брегалница, дуел од кој исто така треба да има ТВ-пренос на Спорт Клуб. Со свои сметки и амбиции во дуел влегуваат и Воска против Тиквеш, како и Македонија Ѓорче Петров со Силекс.