34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Нема спас за противникот кога Кари ќе ги намести нишанските справи, Леброн не беше во препознатливиот елемент (Видео)

Екипата на Голден стејт вориорс славеше над Филаделфија со 119:107 во меч од НБА-лигата. Првата ѕвезда на Воините, Стеф Кари, беше расположен за игра и постигна 37 поени (даде осум тројки), а имаше и осум скока и седум асистенции.

Домашниот тим во третата четвртина прв пат стигна до двоцифрена предност (69:57) и потоа до крајот во ниту еден момент не му дозволи на гостинот да се понадева дека може да направи пресврт. Џонатан Куминга со 26 поени и Ендрју Вингс со 23 поени беа одлични кај победничкиот тим, а Тобијас Харис даде 26 поени за Филаделфија.

Лос Анџелес лејкерс загуби на гостувањето кај Атланта, и тоа со 138:122. Кај Лејкерси го немаше Ентони Дејвис, а Леброн Џејмс немаше свој ден, па за него постигна скромни 20 поени, а имаше дури и 10 промашувања од игра.

Кај Атланта одличен беше Тре Јанг со 25 поени и 13 асистенции, додека Богдан Богдановиќ постигна 18 поени.

Во синоќешната НБА-понуда имаше уште три меча во кои Бостон ја победи Индијана со 129:124, Њујорк славеше над Јута со 118:103, а Торонто беше единствениот гостински тим што се радуваше, и тоа на теренот на Чикаго со 118:107.

- Оглас -

Најнови вести