Полската фудбалерка Ева Пајор беше една од најтажните во тимот на Барселона по поразот од Арсенал во финалето на женската Лига на шампиони во Лисабон.
За 28-годишната Пајор ова беше петто финале во ЛШ и петти пораз. Таа летоска го напушти Волфсбург каде што играше во претходните девет сезони и губеше четири финалиња (три од Лион и едно од Барса), за да потпише за Барселона и да го исполни сонот да стане европски шампион.
Пајор оваа сезона постигнуваше гол во просек на секои 76 минути (43 гола на 45 натпревари), но сето тоа е попусто, кога раната се продлабочи и ќе мора да чека некоја следна шанса за европска титула.