Нема утка: Секогаш кога Лидс го освојува Чемпионшип, Ливерпул е шампион на Англија

Лидс вчера го прослави влегувањето во Премиер лигата, го обезбеди најмалку второто место во англискиот Чемпионшип, а остануваат уште две кола во кои може да продолжи една интересна традиција.

Лидс е прв на табелата во второто по ранг натпреварување во Англија, а има еднаков број бодови со второпласираниот Барнли. Им останаа уште дуели со Бристол сити дома и гостување кај Плимут, на кои ако освои 6 бода, сигурно останува прв и како шампион на Чемпионшип ќе се пресели во најсилната лига во Англија, па и во светот.

Досега низ историјата Лидс трипати бил првак на втората англиска лига, во 1964, во 1990 и 2020 година. Тоа се години во кои шампион на Англија стануваше Ливерпул. На пат се и по четврти пат да го направат тоа, прашање на време е кога Ливерпул ќе ја обезбеди титулата, само од Лидс зависи дали пак ќе се поклопат како и во минатото.

- Оглас -

Најнови вести