Уште неколку часа остануваат за сите оние кои досега не ги одиграле своите фиксови во рамките од петото коло на Спортска прогноза. Можноста за прогнозирање завршува во 13:30 часот денеска, кога и ќе започне првиот меч од понудата, а тоа е дуелот меѓу Астон вила и Брајтон.
Вкупно 13 дуели има на „менито“, а главен предизвик е да се погодат 13-те фиксови на понудените мечеви од Топ 5 лигите. Главна премија е еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, PlayStation®5) и тоа се добива за перфектно типување.
Со 12 погодени мечеви се добива вредносен ваучер од 1.000 денари, а 11-ка вреди ваучер од 500 денари.
Некогашните европски гиганти Јувентус и Ливерпул играат на гости, а прогнозерите веруваат во нивниот квалитет.