Кулминација на возбудливата ракометна сезона во македонското ракометно првенство ќе биде в сабота. Тоа е денот кога на мегдан ќе излезат двата тима кои се борат за титулата. Вардар е домаќин на Пелистер во меч на кој двата тима имаат по 19 бодови.
Црвено-црните се во пол-позиција затоа што и со нерешен резултат ќе ја задржат челната позиција и ќе бидат новите прваци. Пелистер ако сака да го одбрани тронот, ќе мора да победи.
Дополнителен проблем за битолчани ќе биде фактот дека Вардар ќе има поддршка од многубројната публика. За тоа колкав е интересот за овој меч покажа и фактот дека веќе нема билети во продажба.
Од Вардар информираа дека сите билети се купени и дека само најсреќните ќе имаат можност да бидат дел од мечот кој ќе го даде ракометниот шампион на Македонија.