15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Нема веќе „Северна“ на кошаркарските дресови на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на претквалификациите за Светското првенство. На 2 август започнува новиот предизвик на Македонија, и тоа во Куманово, каде што ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија.

На овој меч, дресовите на Македонија ќе претрпат промена. Повеќе нема да стои додавката „Северна“, како што беше во изминативе неколку години, туку на дресовите ќе биде испишана само кратенцијата МКД.

Овој потег на новото раководство на Кошаркарската федерација наиде на одобрување кај најголем дел од македонските фанови затоа што речиси да нема вистински Македонец кој се согласува со промената на името кое беше направено.

- Оглас -

Најнови вести