Малта водеше со 2:0 на полувремето кај Словачка, но домаќините се спасија од голем срам, па на крајот успеаа да стигнат до 2:2. Ремито не е посакуван резултат за Словаците, но фактот дека губеа со два гола на полувреме, доволно зборува дека и освоениот бод треба да им биде доволен за играта која ја понудија на теренот.
Ако Малта не успеа со целито плен да се врати од гостувањето кај Словачка, тоа му успеа на Луксембург кај Република Ирска. Гостите беа аутсајдери, но на крајот победија со 1:0 и тоа благодарение на погодокот постигнат во 88 минута. Ирците за прв пат од квалификациите за СП 1970 година, тргнуваат со два порази.
И големиот фаворит Белгија не ги освои трите бода на гостувањето кај Чешка, а дуелот на крајот заврши 1:1. Провод погоди во 50 минута за домаќините, а Лукаку израмни 10 минути подоцна.
Во највозбудливиот меч кој се играше вечерва, Србија и Португалија одиграа 2:2, а мечот во Белград го одбележа спорниот момент во 93 минута, кога Португалците се радуваа на погодок за 3:2 на Кристијано Роналдо, но судиите не покажаа на центар.