Атлетико Мадрид е голем фаворит против Локомотив во Москва вечерва од 21 часот, во мечот од второто коло во Лигата на шампионите, а во прилог на популарните Јорганџии им одат многу работи.
Првата е многу поквалитетниот тим, со ѕвезди како најскапото летно засилувања во Европа, Жоао Феликс, па Диего Коста, Саул Нигез, Коке, Трипие…, а тука е и традицијата.
Досега Атлетико не загубил од руска екипа во шест меѓусебни дуели, а три од нив се против денешниот ривал. Популарните Локоси“ од Москва во три меча примија дури 11 гола од мадридскиот тим, а само еднаш успеаја да останат непоразени, на првиот меѓусебен дуел во 2007 година што заврши со резултат 3:3.
Потоа Атлетико беше убедлив и на двапати го декласира Локомотив, лани во Мадрид со 3:0 и во Москва со 5:1. Сите три меча им беа во рамките на Лигата на Европа, а сега на ред се два дуели од Лигата на шампионите.
Домаќинот има и проблем со повредите на Антон Миранчук и на Џеферсон Фарфан, а веројатно нема да играат ниту Алексеј Миранчук, Лисов и Ротенберг.
Кај гостите од Мадрид, за кои нема зима во дуелите со руските екипи, надвор од редовите се Витоло и Врсаљко.