Нема зима за Денвер и Далас кога играат Јокиќ и Дончиќ

Никола Јокиќ повторно одигра брилијантно и со 31 поен, 10 скока и 8 асистенции го предводеше Денвер нагетс до драматична победа во продолженија против Феникс санс.

Мечот заврши нерешено 114:114 во регуларен дел, а потоа Нагетс славеа со 130:126. На Јокиќ му недостасуваа само две асистенции за да има нов-трипл дабл, но учинокот му беше ѕвезден, како што игра цела сезона досега.

И Лука Дончиќ одигра маестрално за Далас маверикс и во победата од 122:117 против Сан Антонио спарс забележа 36 поени 11 асистенции и 9 скока.

Главен кошгетер во програмата од 11 натпревари ноќеска беше Тре Јанг со 43 поени, а лидерот на Атланта хоукс го предводеше својот тим до победа од 116:98 против Минесота тимбервулфс.

Кливленд повторно го изненади Бруклин нетс и славеше со 125:113, во меч во кој за поразениот тим Кајри Ирвинг постигна 38 поени, но не играше Кевин Дурант.

Резултати: Шарлот – Чикаго 110:123, Детроит – Хјустон 102:103, Индијана – Орландо 120:118 по продолженија, Кливленд – Бруклин 125:113, Филаделфија – Бостон 122:110, Торонто – Мајами 101:81, Минесота – Аталанта 98:116, Сан Антонио – Далас 117:122, Л.А. Клиперс – Оклахома 120:106, Феникс – Денвер 126:130 по продолженија, Сакраменто – Њујорк 103:94.

- Оглас -

Најнови вести