Нема зима за Граѓаните – Манчестер сити има нов бисер, кине мрежи како од шега

Манчестер сити ќе промовира нови два големи таленти од идната сезона, а шанса да добие минутажа пред се ќе има новиор бисер на англискиот фудбал Лијам Делап.

Напаѓачот, кој има само 18 години сезонава игра страшно добро и веќе постигна 24 гола на 20 меча за младиот тим на Манчестер сити во развојната лига на Англија.

Денеска Делап го забележа третиот хет-трик сезонава на дуелот со Тотенхем што го доби Манчестер сити со 6:1. Лијам имаше и една асистенција, а има светски просек од над еден гол на меч.

Сезонава доби шанса да дебитира и за сениорскиот тим и одигра околу 15-на минути против Бирмингем во меч до ФА купот.

Делап е и англиски репрезентативец во помладите категории, а е убедливо прв стрелец во Развојната лига на Англија.

Манчестер сити убедливо доминира во оваа конкуренција, а зад Делап втор најдобар стрелец е неговиот соиграч Кол Палмер, кој е една година постар, а и за него има најави дека ќе добие шанса да игра во Премиерлигата од идната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести