Куртис Џонс блескаше во дебитантскиот настап за Ливерпул како стартер, а постигна страшно добар гол за победа против Евертон од 1:0 во меч од националниот куп на Англија.
Во „Мерсисајд дербито“ Ливерпул влезе како аутсајдер со комбиниран тим против големиот ривал, кој настапи со полн погон, но сепак победи.
Џонс беше најдобар поединец на мечот, а одличниот настап го круниса со еврогол во 71. минута. Откосо со прецизен удар го совлада Џордан Пикфорд, а топката заврши во самиот агол на спротивната страна.
https://twitter.com/EnRouteAnfield/status/1213875589888782336?s=20
Ливерпул ќе ја чека ждрепката за 16-финалето во ФА купот, а Евертон може да се насочи он натпреварите во Премиерлигата.