Немаат клуб во полуфинале, но и официјално добија петти претставник во ЛШ за следната сезона

Италијанската Серија А и официјално доби и петти учесник во Лигата на шампионите за следната сезона, откако Аталанта и Рома се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа, а Фиорентина во Конференциската лига.

Иако немаат екипа во полуфиналето од Лигата на шампионите, бодовите кои ги освоија во другите две ервопски натпреварувања беа доволни да бидат најдобри на УЕФА рангирањето. Интересно, Италија може да добие и шести претставник, но само во случај ако Рома или Аталанта ја освојат Лигата на Европа, а не завршат во топ-5 во Серија А, што би било апсолутен рекорд.

Со новиот формат во Лигата на шампионите, треба да се доделат две вајлд-карти, а втората најверојатно ќе биде за германската Бундеслига, која има два полуфиналисти во Лигата на шампионите, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести