Немаат ниедна победа во Лигата на нациите, а може и без победа да дојдат до ЕП

Ова е за рубриката верувале или не: репрезентацијата на Северна Ирска може да игра на Европско првенство без да победи во Лигата на нациите, а тоа да не е на пенали.

Северна Ирска во досегашните пет меча во Лигата на нациите нема победа, но се наоѓа на чекор од пласман на ЕП благодарение на лудиот систем кој го имплементираше УЕФА.

Оваа селекција есента 2018 година играше во втората дивизија од Лигата на нации, во група со БиХ и Австрија и не освои ниту еден бод. Но, потоа дојдоа квалификциите за ЕП, па сите кои на тој начин се најдоа на ЕП, оставија простор за поместувања во плејофот од Лигата на нациите, преку кој може да се дојде до место на ЕП. Ова особено се однесува на првите две дивизии во Лигата на нации, па така се отвори простор за селекции да се најдат во баражите, меѓу кои и за Северна Ирска, иако немаше бод.

Синоќа Северна Ирска повторно не победи во 120 минути против БиХ, но на пенали ги елиминираше Босанците. Сега, на 12 ноември Ирците играат дома со Словачка и може пак да победат на пенали, па без триумф во 90 минути да се пласираат на континенталниот шампионат.

 

- Оглас -

Најнови вести