35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Немало ваков Мундијал досега – За првпат сите заедно се во нокаут-фазата (Фото)

Мундијалот во Катар ќе се памети и по првиот случај во историјата на најпрестижните фудбалски настани со настап на репрезентации од сите 6 континенти кои имаат претставници во нокаут-фазата.

Седмиот континент Антарктик нема фудбалска репрезентација што игра на Светските првенства, а досега не се случило да има барем по една селекција од сите останати 6 континенти во осминафинале.

Иако не е завршена првата фаза по групи, квотата е веќе исполнета и Европа, Азија, Африка, Северна Америка, Јужна Америка и Австралија и Океанија имаат барем по една репрезентација што ќе учествува во нокаут-фазата на Мундијалот во Катар.

This the first World cup to have 6 different continents make the round of 16. from soccer

Досега, пред стартот на последните четири натпревари што ќе се играат денеска и ќе означат крај на фазата по групи, меѓу најдобрите 16 селекции веќе се 14 од нив, а се чекаат уште двете последни.

Еве кои селекции од кој континент се пласираа во осминафиналето, со напомена дека Австралија игра во азиските квалификации за настап на СП, иако припаѓа на друг континент и е во Австралија и Океанија.

Европа

Португалија, Холандија, Хрватска, Англија, Франција, Полска и Шпанија.

Шанса имаат и Швајцарија и Србија.

Африка

Сенегал и Мароко.

Шанса имаат и Гана и Камерун.

Јужна Америка

Бразил и Аргентина.

Шанса има и Уругвај.

Северна Америка

Соединетите Американски Држави.

Азија

Јапонија.

Шанса има и Јужна Кореја.

Австралија и Океанија

Австралија.

 

- Оглас -

Најнови вести