Немало ваков случај досега: Моментот на интонирањето на химната на дуелот Албанија – Косово (Видео)

Албанија со 2:1 го победи Косово во пријателски меч одигран во Елбасан. Домаќините поведоа со 2:0, а Косово со гол од пенал во 85-тата минута постигна почесен погодок.

Тоа што беше посебно за овој дуел се случи пред да започне средбата.

Кога започна да се интонира албанската химна, освен домашните фудбалери што пееја, се случи да пеат и репрезентативците на противничката селекција. Репрезентативците на Косово прегрнати и со рацете ставени на срцата ја пееја и химната на Албанија, а по завршувањето, сите заеднички аплаудираа.

Во светот на фудбалот не се памти момент кога двете селекции пеат една иста химна.

https://youtu.be/JspE57vdsm0

 

- Оглас -

Најнови вести