28.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Немања Матиќ замина од Лион

Изненадувачки вести пристигнуваат од Франција. Прославениот српски фудбалер Немања Матиќ го напушти Лион една година пред истекот на договорот.

Матиќ и Лион постигнале спогодба за раскин на соработката, само неколку недели откако беа откриени финансиските проблеми во францускиот гигант. Поради високата плата на Србинот, која претставувала товар за клубот, двете страни заеднички одлучиле да се разделат.

Заминувањето е сериозно изненадување, а медиумите беа информирани за новата вест откако Матиќ го пропушти утринскиот тренинг на екипата. Лион накратко потврди дека Матиќ повеќе не е дел од клубот.

- Оглас -

Најнови вести