Прославениот српски фудбалер Немања Видиќ влегува во трка за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), пишува Спорт Клуб. Поранешниот капитен на српската репрезентација уште пред неколку месеци најави дека има желба да застане на чело на ФСС, а според најавите, тоа наскоро може и да се оствари.
Еден од клучните моменти во остварување на идејата Видиќ да биде претседател на ФСС е доаѓањето на Александер Чеферин во Белград. Претседателот на УЕФА, неофицијално за Спорт Клуб потврдил дека има позитивен став околу ангазирањето на Видиќ во српскиот фудбал. Слично размислување има и Зоран Лаковиќ кој е еден од главните авторитети во српскиот фудбал, но и втор човек во европскиот фудбал.
Некогашниот врвен дефанзивец Видиќ, кариерата ја започна во Црвена ѕвезда, потоа играше и како позајмен играч во Спартак Суботица, а во 2004 година направи трансфер во Спартак Москва.
Во 2006 година, го направи трансферот на кариерата, откако потпиша за Манчестер јунајтед и на „Олд Трафорд“ остана девет години. Дури беше и капитен на најтрофејниот англиски клуб, за кој одигра точно 300 меча.
Во 2014 година направи трансфер во Интер, каде одигра една сезона, а потоа стави крај на кариерата.