Аргентина ќе биде противникот на Холандија во петочното четвртфинале на Светското првенство во Катар. Гаучосите славеа со 2-1 против Австралија и ја оправдаа фаворитската улога.
Лионел Меси и Хулијан Алварез беа стрелци на головите кои ја однесоа Аргентина во четвртфинале против Лалињата. Сепак и одбраната на Аргентина има заслуга за триумфот. Лисандро Мартинез го спречи шутот на Бехич кој имаше 100 процентна шанса, а во последните моменти од средбата, голманот Емилијано Мартинез одбрани при убавата шанса на младиот Куол.
За разлика од неговите презимењаци, Лаутаро Мартинез се изнапромашува убави шанси и можеше да биде трагичар ако Австралија го однесеше мечот во продолженија.