Питсбург славеше со 2:1 на гостувањето кај Вашингтон, а со еднаков резултат Колорадо пред своите навивачи го победи Монтреал, во единствените два меча кои ноќеска се играат во НХЛ. На дуелот во Вашингтон сè беше решено во втората третина, кога беа постигнати сите три гола. Домаќините поведоа, но Питсбург многу брзо изрмани преку Крисби во игра со хокејар повеќе. Само неколку минути подоцна, Раст погоди за 2:1, што се покажа и како конечен резултат.
Мечот во Вашингтон го одбележа жестоката тепачка помеѓу напаѓачот на Вашингтон, Том Вилсон, и дефанзивецот на гостите, Џамие Олексиак. Уште во првата третина, Вилсон едноставно беше фокусиран да го начека Олексиак за тепачка. Тоа всушност беше и расчистување на старите долгови. Минатата сезона во втората рунда од плејофот меѓу овие два тима Вилсон доби суспензија од три меча поради удирање на играчот на Питсбург Зек Астон-Рес, а тогаш се вмеша и Олексиак.
Тепачката не траеше долго бидејќи Вилсон многу брзо успеа да го нокаутира Олексиак, кој потоа замина на клупата и го пропушти останатиот дел од првата третина.