Немаше сензација, Брејдаблик ќе биде противникот на Струга во историскиот двомеч

Исландскиот првак Брејдаблик вечерва дома го совлада босанскиот Зрињски од Мостар со 1-0, но тоа не беше доволно (првиот меч го доби Зрињски со 6-2) за пласман во баражот за Лигата на Европа и Исланѓаните ќе играат бараж за влез во Конференциската лига, речиси сигурно против Струга Трим Лум, која е на прагот да го елиминира Есперанж.

Зрињски и покрај поразот, испиша историја, стана првиот клуб од Босна и Херцеговина кој ќе игра во групна фаза од некое европско натпреварување. И да испаднат во баражот за ЛЕ од австрискиот ЛАСК, европската есен им е гарантирана, продолжуваат во групите во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести