Немаше сензација, спектакл во најава: финалето на ракометниот куп ќе биде очекуваното!

Нема никакви изненадувања, Еурофарм Пелистер ќе биде противникот на Вардар 1961 во големото финале на ракометниот Куп на Македонија за мажи. Финалето во Кавадарци е закажано за в недела вечер.

Откако вардарци го добија првото полуфинале против вториот тим на Е. Пелистер, првиот тим на битолскиот суперлигаш го надигра скопски Бутел со 25-21. Пелистерци доминираа во првото полувреме, кое го добија со 16-9, а потоа малку ги штедеа силите, но не беа сериозно загрозени, иако Бутел одигра солидно и даваше отпор.

Пелистер во 2005 година последен пат го освои Купот, а ова ќе биде реприза на ланското финале во „Автокоманда“, кое му припадна на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести