34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Немаше сила што можеше да го сопре детето да го исполни сонот, а Роналдо дополнително го израдува (Видео)

Кристијано Роналдо е идол на милиони луѓе од целиот свет и многумина сонуваат да бидат во негова близина, да го допрат, да се сликаат или да добијат автограм од него. Португалецот со Манчестер јунајтед минатата недела гостуваше во Молдавија кај Шериф, а појавувањето на Роналдо предизвика еуфорија кај неговите фанови.

Од сите оние кои се обидуваа да стигнат до Роналдо, единствено тоа му успеа на едно мало дете, кое едноставно немаше сила што ќе успее да го сопре. Детенцето им избега на редарите и се фрли во прегратка на Роналдо.

Кристијано застана, го фати детето за рака, го донесе до клупскиот автобус и му се потпиша на дресот. Момент кој детенцето сигурно ќе го памти целиот живот.

https://twitter.com/i/status/1571247865367871499

 

- Оглас -

Најнови вести