Оклахома сити тандерс израмни на 1:1 во победи против Индијана во големото НБА финале, откако на свој терен славеше со 123:107. Сега финалната серија ќе се пресели во Индијана, екипата која успеа да направи брејк на туѓ терен, па сега го има тој адут во своите раце.
На вториот меч во Оклахома, домашниот тим уште на стартот ја презема контролата на резултатот и по првата четвртина водеше со 26:20. Со фуриозна игра во втората четвртина, предноста на Оклахома достигна и 23 поени (52:29). Високата предност Оклахома ја чуваше во текот на целото второ полувреме и не дозволи да направи кикс како на првиот меч, кога Индијана, првото и единствено водство го имаше на 0,3 секунди до крајот и успеа да победи.
Овојпат, Шеј Гилџес-Александер уште еднаш покажа зошто е МВП во НБА и беше вистински предводник на Оклахома со 34 поени, осум скока, пет асистенции и четири загубени топки. Одлични беа и Карусо (20 поени), Вилијамс (19 поени) и Хигинс (18 поени). Кај Индијана најпрецизен беше Халибартон со 17 поени.