Немате веќе време за чекање – играјте Спортска прогноза до 15:30 часот

Уште неколку часа ви преостануваат да бидете дел од 29-тото коло на Спортска прогноза, кое доколку го изиграте, може да ви донесе вредни добивки. Возбудувањата во ова коло ќе започнат од 15:30 часот за кога е закажан првиот меч, меѓу Волфсбург и Фрајбург.

На понудата има вкупно 13 мечеви од повеќе различни првенства. Доминираат мечевите од Бундеслигата и Примера дивисион, но тука е и дербито од италијанскиот куп меѓу Наполи и Интер. За погодена „Среќна 13-ка“, односно точни прогнози на сите 13 мечеви, вредниот подарок е мобилен телефон IPhone XS.

За 12 погодени парови, подарокот е предносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, додека за 11 погодени следува вредносен ваучер од 500 денари.

Секако тука е и трката за Генерален пласман, па затоа прогнозирајте ги и предлозите дадени како резервни парови. За најдобриот во Генерален пласман на крајот од сезоната ќе следува о ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.

 

- Оглас -

Најнови вести