Немате видено полуд камерман, се дереше на цел глас за голот на Жељо против Сараево (Видео)

Вечното босанско дерби меѓу Железничар и Сараево беше многу возбудливо и заврши нерешено 2:2.

Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а условно кажано гостите, екипата на Сараево водеше со 2:0 до 88. минута, а потоа се случи чудо.

Со два гола од 88. до 96. минута домаќините израмнија и освоија бод, а при последниот погодок, длабоко во судиското продолжение, еден од камерманите на дербито полуде од радост.

Cameraman’s crazy reaction to FK Zeljeznicar’s late game equalizer from soccer

За Сараево цел меч одигра нашиот интернационалец Влатко Дробаров.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести