Немили сцени на „Велодром“: Домашните навивачи фрлаа петарди на терен (видео)

Навивачите на Марсеј го прекинаа мечот против Лил на „Велодром“, во кој нивната екипа беше во негатива од еден гол (0-1) по еден час игра. Откако со пиротехника навивачите на домашната екипа се обидоа да ги повредат играчите кои се на теренот, главниот арбитар Делеру го прекина мечот, па заедно со делегатите се упати кон делегатската соба каде дискутираа дали воопшто оваа средба треба да се доигра.

По половина час, одлучено е мечот да се доигра со тоа што судијата предупреди дека ако повторно има напад со пиротехнкика натпреварот ќе биде прекинат и воедно ќе се додели службена победа на Лил со 3-0.

https://streamable.com/xsgyn?fbclid=IwAR1rKwVlaDTH7M-0r5wDHY5JJO_3OGU6DJH8rFRTmg4uza8E_KilsUHoVDY

- Оглас -

Најнови вести