Немили сцени во Тетово, прекин на дербито во Трета лига Запад

Дерби-дуелот меѓу Тетекс и Влазрими во Трета лига Запад не го дочека крајот. Средбата е прекината во 75-тата минута, откако гостинските фудбалери го нападнаа главниот судија Марјан Младеновски.

Резултатот беше 0:0 кога Младеновски досуди пенал во корист на Тетекс, по еден старт на играч на Влазрими во шеснаесетникот на гостите. Фудбалерите на Влазрими негодуваа на оваа одлука и решија да се повлечат од теренот.

Потоа судијата Младеновски тргна да ги повика гостите да се вратат на теренот, но тогаш се случи инцидент кога некои од играчите на Влазрими го нападнаа арбитерот.

Мечот беше прекинат и одлуката ќе биде донесена на „зелена маса“, но повеќе од јасно е дека Тетекс ќе добие службена победа од 3:0.

Ова беше дуел меѓу двете првопласирани во Трета лига Запад. Тетекс моментално е лидер со еден бод повеќе од Влазрими.

 

- Оглас -

Најнови вести