Екипите AИK и Малме играа во дербито на шведското првенство, а резултатот на крајот беше 0:0. На теренот немаше многу возбудувања, но дербито ќе се памти по тоа што се сличуваше на трибините.
Навивачите на домашниот тим успеале да запленат едно големо знаме на гостите и во текот на мечот, го истакнаа на трибината, а потоа го запалија. Тој потег беше причина да зовријат страстите на трибините, па судијата мораше да го прекине мечот, кој за среќа подоцна продолжи и заврши без погодоци.
A hell of scenes now at Sweden. AIK ultras have stolen a Malmo’s banner and burned it
Let’s see what will happen pic.twitter.com/Lfc29pIOn2
— MO Auba (@MOAubaaa) July 23, 2023