Немојте да го провоцирате Ибра, Швеѓанецот секогаш има контра удар (Видео)

Аталанта убедливо со 3:0 го победи Милан на „Сан Сиро“, а во финишот на мечот, гостинскиот играч Дуван Запата се обиде да го испровоцира Златан Ибрахимовиќ. Напаѓачот на гостите задоволен од резултатот, реши да го исмева Ибрахимовиќ затоа што Милан не можеше да постигне гол.

Росонерите сезонава добија 12 пенали во своја корист, а Запата го праша Ибрахимовиќ дали треба да има нов пенал за конечно да дадат гол.

„Не можете да завршите еден меч ако не добиете пенал. Сакате и 13-ти пенал?“, беше провокацијата на Запата, но веднаш следуваше брутален одговор од Ибрахимовиќ.

„Што зборуваш ти? Во кариерата имам постигнато повеќе голови, отколку што ти натпревари си одиграл“, му возврати Ибрахимовиќ на провокаторот.

https://twitter.com/i/status/1353062404884623366

Швеѓанецот не излажа во својот одговор. Статистиката вели дека Ибра досега има 598 погодоци во кариерата додека Запата има одиграно вкупно 371 натпревар. Сепак, треба да се додаде дека Златан е 10 години постар од Запата.

 

- Оглас -

Најнови вести