Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ, со непромислен старт во дуелот со Елиф Елмас само ги зголеми маките на домаќините и доби црвен картон на меч на кој Наполи води убедливо со 5:1 на „Јохан Кројф арената“.
Српскиот репрезентативец очигледно изнервиран од дебаклот со рака го удри в лице македонскиот репрезентативец и доби втор жолт картон и автоматско исклучување.
Моментот од 73-тата минута и дуелот на Тадиќ и Елмас:
Наполи води убедливо со 6:1 и ќе остане на првото место во групата со максимални 9 бода по три кола.