39.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Ненад Димитријевиќ се договори со Зенит, ќе добие 3 милиони за две сезони

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, кариерата ќе ја продолжи во рускиот Зенит Санкт Петербург.

Популарниот Нено се договорил со Зенит и треба да стави потпис на двегодишен договор вреден 3 милиони евра (годишна плата од 1,5 милиони). Димитријевиќ ќе добие и 500.000 од Армани Милано за предвременото раскинување на договорот.

Димитријевиќ, кој има 26 години, еднаш веќе настапуваше во Русија пред да оди во италијанскиот евролигаш и играјќи за Уникс Казањ остави силен впечаток.

Во Милано тргна добро, беше најкорисен играч на италијанскиот Суперкуп, но потоа тренерот Еторе Месина не му даваше шанса и пропушти поголем дел од втората половина од минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести