19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Ненад Димитријевиќ заминува од Олимпија Милано?

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ најверојатно ќе ја промени средината во новата сезона бидејќи според последните информации од Италија, тој е на излезна врата од Милано.

Иако дебитираше во Евролигата, македонскиот плејмејкер не добива значителна минутажа и не успеа целосно да се вклопи во системот на тренерот Еторе Месина. Италијанскиот новинар Андреа Калцони објави дека Димитријевиќ веројатно ќе бара нов клуб, а во наредните месеци се очекуваат разговори за раскин на договорот кој важи до 2026 година.

Во меѓувреме Милано веќе планира засилување и има интерес за Британецот Квин Елис, кој настапува за Трентино.

Димитријевиќ пристигна во Милано како големо засилување и МВП играч на ВТБ-лигата откако блескаше во дресот на Уникс Казањ. Претходно тој беше дел од шпанските тимови Валенсија и Хувентуд.

- Оглас -

Најнови вести