Лоша вест, ненадејно почина некогашен фудбалер на Шкендија, имаше само 34 години

Почина Иван Челиковиќ, хрватски фудбалер и некогашен лев бек на тетовска Шкендија, со која освои титула во македонското првенство, а играше за тетовци и на легендарните мечеви со големиот Милан во летото 2017 година.

Смртта го затекна како тренер во академијата Конавле. Беше татко на две деца. И од Шкендија се простија од својот некогашен фудбалер, а овој клуб му е единствен странски за којшто играл, остатокот од кариерата го мина по хрватски клубови, најмногу во Интер Запрешиќ.

- Оглас -

Најнови вести