Еден од најдобрите чилеански фудбалери во историјата, Артуро Видал, денеска доби лоша вест од дома дека неговиот татко Еразмо ненадејно починал од срцев удар.
Видал како дете немаше многу контакт со татко му, но подоцна се зближија, а таткото Еразмо чуваше коњите на Артуро. И смртта го затекнала 61-годишниот Видал во коњичкиот клуб.
Фудбалерот е тажен, но за него фудбалот е на прво место и нема да го пропушти утрешното финале на Купот на Бразил помеѓу Фламенго и Коринтијанс.