Урош Ненадовиќ ја изненади одбраната на Македонија Ѓорче Петров во 21-вата минута од реванш-дуелот со Алашкерт, а гостите од Ерменија водат со 1:0 по првото полувреме и се многу блиску до пласман во следната фаза.
Српскиот интернационалец погоди во средината на првиот дел и сега само на 45 минути до крајот на двомечот, Алашкерт има вкупна предност од 4:1, по победата на домашен терен од 3:1.
На Македонија Ѓ.П. ѝ требаат најмалку три погодоци без примен гол во второто полувреме за да се надева на подвиг, но според играта по 45 минути, тоа се чини е невозможна мисија.
Малку подоцна реванш-дуелите од првото квалификациско коло за настап во фазата по групи во Лигата на Европа ќе ги играат Академија Пандев во Мостар против Зрињски и Шкупи во Скопје со Пјуник.