Кристијано Роналдо со голот на гостувањето на Јувентус против Верона, не успеа да му донесе победа на својот тим, но Португалецот барем влезе во историјата на клубот чиј дрес го носи веќе втора сезона, а влезе и во историјата на Топ 5 лигите во Европа.
Роналдо е првиот играч на Јуве кој дал гол на десет лигашки натпревари по ред, а стана првиот во историјата на фудбалот кој во две од петте Топ 5 лиги во Европа (шпанската и италијанската), успеал да направи серии од по барем 10 меча на кои реализирал.
Сега следен рекорд кој треба да го нападне е оној од 11 меча по ред со гол во Италија. Ако даде гол во следното коло против Бреша на 16 февруари, Кристијано ќе се изедначи со Габриел Батистута и Фабио Кваљарела кои на 11 меча по ред даваа гол во Серија А.