Нено Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс се радуваа на победи во Евролигата

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжува да бележи успеси со својот тим Олимпија Милано во Евролигата. Во 14. коло, Милано на домашен терен славеше победа над францускиот АСВЕЛ со 92-84.

Иако гостите одлично го отворија натпреварот и имаа минимална предност од 18-20 по првиот период, домаќините ги консолидираа своите редови и во продолжението доминираа на теренот. Со цврста одбрана и ефикасен напад, Mанекените од Милано го контролираа темпото и без поголеми проблеми стигнаа до конечниот триумф.

Ненад Димитријевиќ имаше скромен ефект со четири постигнати поени и пет асистенции, но неговиот придонес во организацијата на играта беше значаен за успехот на тимот. Најефикасен за Милано беше Ледеј со 15 поени, додека кај поразениот АСВЕЛ блескаше Маледон со 24 поени.

Црвена ѕвезда продолжува со добрите игри, остварувајќи значајна победа на гостувањето против Виртус Болоња со 87-94.

Иако во текот на поголемиот дел од натпреварот Ѕвезда се соочуваше со потешкотии, особено во нападот, тимот прикажа феноменална игра во последната четвртина. Белграѓани успеаја да постигнат неверојатни 37 поени во завршните десет минути, што беше клучно за пресвртот и конечниот успех.

Ајзеа Кенан беше лидер на тимот со 24 поени, додека кај домаќините блескаше Шенгелија, кој натпреварот го заврши со 25 поени.

Тимот на Парис продолжува со победите, откако славеше и против Олимпијакос на гости со 90-96. Ти Џеј Шортс повторно блескаше во францускиот тим со 21 постигнат поен.

Монако беше убедлив против АЛБА Берлин и победи со 100-80.

- Оглас -

Најнови вести