31.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Нено Димитријевиќ ја урна големата ЦСКА Москва!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ со 24 поени беше прв стрелец на Уникс Казан, во големата победа над ЦСКА Москва од 112-104 (по продолжение), во дуел од ВТБ-лигата, во која на првите две позиции се овие две екипи, а тренер на Армејците од Москва е Емил Рајковиќ.

Димитријевиќ на паркетот мина 30 минути и беше најефикасен поединец во својот тим, нанесувајќи им го на Црвените вториот пораз сезонава. Уникс има три порази.

 

- Оглас -

Најнови вести