Нено Димитријевиќ со Валенсија ќе игра во Евролигата, билет за елитата доби и Партизан

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе игра во елитната Евролига на УЛЕБ, а билет за настап од идната сезона доби и белградскиот Партизан.

Ова е потврдено на денешниот состанок на Бордот на директори на Евролигата, а двете екипи ќе ги заменат руските клубови ЦСКА Москва и Зенит Санкт Петербург во идната сезона 2022/23.

Партизан е поранешен европски првак, а Србија со одлука на Бордот на директори ќе има два претставника во Евролигата, во која во континуитет во последно време настапува Црвена ѕвезда.

https://twitter.com/Ostoja1945/status/1537396886394523649?s=20&t=3vLyTOV4VQd3272nAeaSoA

- Оглас -

Најнови вести