27.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Нено Димитријевиќ солиден, Олимпија Милано убедливо поразена од Баерн

Кошаркарите на Олимпија Милано по фантастичната победа на домашен терен над Панатинаикос, неочекувано високо загубија од Баерн Минхен со 87-70. Баварците беа фаворити, но веројатно ретко кој очекуваше ваква лесна и убедлива победа.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на паркетот мина 11 минути и 43 секунди и успеа да постигне осум поени, а имаше и две асистенции. Нено имаше три од пет за два поена, нула од еден за три и два од два од линијата за слободни фрлања.

Сепак и покрај високиот пораз, во првото полувреме се играше рамноправно, а на паузата Баерн Минхен имаше предност само од еден поен, 37-36. Мечот беше одлучен во третата четвртина, кога Баварците со серија од 10-0 го скршија отпорот на противникот и го добија периодот со 31-19.

Олимпија Милано сега ја очекува жестока битка за влез во плејин-разигрувањето, односно за влез помеѓу најдобрите 10 екипи во евролигата.

- Оглас -

Најнови вести