Ненад Димитријевиќ и Милано победија со 81-94 во „Бауграна“ против Барселона во меч од кошаркарската Евролига. Нашиот репрезентативец на паркетот мина нешто повеќе од 11 минути и за тоа време имаше ефект од пет поени и една асистенција.
Мечот започна лошо за Милано, откако Барселона го доби првиот период со 24-16, но во продолжение следуваше комплетна доминација на гостите, кои не само што направија пресврт, туку дојдоа и до убедливо водство кое знаеа како да го сочуваат до самиот крај од мечот.
„Црвено-белото“ дерби во Белград им припадна на кошаркарите на Црвена ѕвезда, кои со убедливи 87-73 го совладаа Олимпијакос. Победникот беше решен во третата четвртина, која им припадна на домашните со 28-15.